Во италијанскиот шампионат нов гол на Секулов за У16 тимот на Јувентус (ФОТО)

Македонската фудбалска надеж повторно блеска во дресот на У16 тимот на Јувентус.

Во италијанскиот шампионат (Serie A & B, GIRONE A) составот на Јуве со убедлив резултат 6:1 ја совлада екипата на Џенова.

Свој придонес во победата имаше и Никола Секулов кој во 38. минута реализираше за 4:1 на овој меч.

Претходно за надежите на „Старата дама“ стрелаа уште двапати Фонтана, и по еднаш Каваљо, Стерантино и Де Марзо, а на спротивната страна единствениот гол беше дело на Конти.

Уште еден одличен резултат за У16 тимот на Јувентус кој и понатаму оваа сезона во првенството останува без пораз.

На табелата води Јувентус со 38 бодови (12 победи, две нерешени средби), пред Фиорентина (29), Сасуоло (23), Сампдорија (22), Новара (21), Џенова (21), Виртус Ентела (20), Специја (19), Емполи (17), Парма (15), Торино (14), Кремонезе (12), Карпи (7) и Про Верчели (7).

Според најавите и програмата наредниот меч Јуве ќе го има на 21. јануари на гостувањето кај Кремонезе.

Фото: facebook.com/giovanibianconeri