Ашковски еден од најзаслужните што Фортуна Ситард ќе игра во холандската фудбалска елита (ВИДЕО)

После минималниот тирумф над Јонг ПСВ со резултат 1:0, Фортуна Ситард успеа да обезбеди настап во најсилната холандска фудбалска лига наредната сезона.

После вкупно 38. одиграни кола, Фортуна Ситард го освои второто место со 78 бодови, само еден помалку зад првопласираниот и шампион во втората холандска лига за сезонава, Јонг Ајакс.

Во овој успех дефинитивно голем придонес има и македонскиот интернационалец Стефан Ашковски, 26-годишниот лев бек.

И покрај тоа што настапува на одбранбената позиција, знаеше во текот на сезоната да помогне и во нападот, односно од 34. настапи забележа вкупно 12 голови што го прави трет најдобар стрелец на тимот во шампионатот после неговите тимски колеги, Португалецот Семедо (15 голови) и Стокерс (13).