Зошто Гарсија преку „Ноќта на вештерките“ го провоцира Челзи? (ФОТО, ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Ливерпул Луис Гарсија повторно ја искористи „Ноќта на вештерките“ да го провоцира Челзи и навивачите на овој клуб.

Најголемото ривалство помеѓу двете екипи се случи после полуфиналето во Лигата на шампионите во 2005. година кога Ливерпул се пласираше во финалето со голот на Луис Гарсија.

Сепак, бидејќи топката тогаш не ја помина гол линијата, Жозе Мурињо во наредните години често изразуваше незадоволство поради таквите ситуации и „невидливите“ голови.

Луис Гарсија во тогашната улога „дух“ кој постигна невидлив гол и оваа, како и минатата година, го провоцираше Челзи со креативна маска за „Ноќта на вештерките“.

Тој се маскираше во дух, а во описот на фотографијата напиша: „Духовите секогаш ќе бидат духови. До сите среќна „Ноќ на вештерките“.

Ghosts will be Ghosts !! Happy Halloween everybody?!! #Halloween2017 #Memories #LoveIt

A post shared by Luis Garcia (@luchogarcia14) on

Happy Halloween!! Some will find it funny?…others Scary?! #Halloween #Ghost

A post shared by Luis Garcia (@luchogarcia14) on