Заслужена „награда“: Се спрема нов договор за Мурињо на „Олд Трафорд“?

Жозе Мурињо е подготвен да ја продолжи соработката со Манчестер Јунајтед…

Според британскиот „Сан“, португалскот менаџер би требало да потпише нов пет-годишен договор вреден 65 милиони фунти.

Челниците од „Олд Трафорд“ се многу импресионирани од начинот на работата на Мурињо со соиграчите во периодот од една и пол година и спремни се да го наградат за таквиот придонес.

Во Премиерлигата моментно клубот е на делба на првото место заедно со градскиот ривал Манчестер Сити со по 19 бодови, со тоа што „граѓаните“ имаат подобра гол-разлика.

Одличен старт „црвените ѓаволи“ имаат и во новата сезона од Лигата на шампионите, во групата А се првопласирани со максимални шест бодови после победите над Базел (дома, 3:0) и ЦСКА Москва (гости, 1:4).