Зар имаше сомнение: Роналдо втора година по ред најдобар фудбалер на светот!

И официјално прогласен е најдобриот фудбалер на годината на вечерашната свечена ФИФА церемонија во Лондон.

Кристијано Роналдо втора година по ред ја добива наградата најдобар фудбалер на годината „The Best“, а во конкуренција беа уште Лионел Меси (Барселона), како и неговиот поранешен тимски колега Нејмар кој се пресели во ПСЖ.

Досега во 2017. година за Реал Мадрид и португалската репрезентација имаше 48 натпревари, 44 голови, 11 асистенции, четири трофеи, избран за најдобар фудбалер според УЕФА и ФИФА.

Надмина и неколку индивидуални рекорди во Лигата на шампионите каде што сега е најдобар стрелец на сите времиња.

Победникот на оваа церемонија го прогласија претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, како и легендите Роналдо и Диего Марадона.

Човек треба да биде многу посветен. Сакам да го посветам овој трофеј на семејството. На мојот син, на мојот брат. На моите други две деца дома. Не можам да дочекам да ги видам. Многу сум среќен и ви благодарам на сите.

Им благодарам на сите што гласаа за мене. Треба исто така да им оддадеме почит на Лео и Нејмар. Почит спрема навивачите на Реал, на моите соиграчи.

Ова е прекрасен момент за мене, знам дека имам многу фанови тука во Англија, ширум светот и тоа го ценам. Прекрасно е да се биде тука покрај легенди на фудбалската игра“, рече Роналдо, по добивањето на наградата.