Вредна победа на Мајнц од Берлин во трката за опстанок во Бундеслигата! (ВИДЕО)

Важна победа остварија фудбалерите на Мајнц на отворањето на 23. коло од Бундеслигата.

Мајнц како гостин ја совлада Херта во Берлин со конечен резултат 0:2 (0:1) и така стигна до својот втор триумф на последните седум мечеви во сите натпреварувања.

Херој на гостите беше шведскиот интернационалец Робин Куаисон кој ги реализираше погодоците во завршницата од првото и средината на второто полувреме.

Екипата на Мајнц ја продолжува борбата за опстанок и моментно ја зазема 16. позицја, а тимовите кои се наоѓааат погоре на табелата имаат натпревар помалку, но бегаат еден или два бода што е прифатлива ситуација за избраниците на тренерот Рувен Шродер.

Герта – Майнц. Обзор матча. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.