Возбудливо на Англија-Германија, а вистинска голеада приредија Белгија и Мексико! (ВИДЕО)

Вечерва нови одиграни пријателски натпревари, Англија без голови ремизираше против Германија во еден интересен меч полн со шанси на двете страни на „Вембли“ стадионот во Лондон.

Најмногу погодоци денеска имаше на контролниот дуел помеѓу Белгија и Мексико во Брисел (3:3). Во првото полувреме Белгијците поведоа со голот на Азар, а израмнија Мексиканците од пенал (Гуардадо, 38. мин.)

Лукаку донесе нова минимална позитива за домаќините, но само 60 секунди подоцна за нов егал се погрижи Лозано. И Мексико водеше на овој дуел и тоа во 60. минута со вториот погодок на Лозано. Лукаку кој исто така втор пат се запиша во листата на стрелците не дозволи пораз во 70. минута.

На пресметката во Париз, селекцијата на Франција со головите на Гризман и Жиру триумфираше против Велс во чии редови не настапи првата ѕвезда Бејл.

Пријателски натпревари, резултати:

Грузија-Кипар 1:0

Украина-Словачка 2:1

Белгија-Мексико 3:3

Полска-Уругвај 0:0

Англија-Германија 0:0

Франција-Велс 2:0

Португалија-Саудиска Арабија 3:0