Веќе се знае кој е освојувачот на „Златната топка“? (ФОТО)

На почетокот од наредната година ќе биде одржана церемонија за доделување на „Златната топка“ во изборот на „Франс Фудбал“.

Претходната година на тронот беше Кристијано Роналдо кој дојде до својата четврта „Златна топка“, и сега има една помалку од Лионел Меси.

Главен фаворит и овој пат е играчот на Реал Мадрид, со „кралевите“ Португалецот имаше одлична сезона во која ја одбрани титулата во Лигата на шампионите и воедно се искачи на врвот во шпанската Примера.

Но, во новата сезона Роналдо игра непрепознатливо и во досегашниот дел од шампионатот успеа да постигне само еден гол, додека Аргентинецот во дресот на Барселона има 11 повеќе.

Поради тоа се шпекулира дека можно е Роналдо да остане без својата петта „Златна топка“ доколку драстично не ја поправи својата форма до крајот на 2017. година.

Тоа што ја изненади светската фудбалска јавност е секако фотографијата која кружи на интернет на која пишува дека Меси е најдобриот играч на планетата за 2017. година во изборот на „Франс Фудбал“.

Сеуште никој официјално не се огласил по повод ова прашање, дали станува збор за монтирана слика или некој „случајно“ открил што фактички ќе се случи во јануари.