Вечерва „јубилеј 100“: Пеп Гвардиола со најдобар процент на победи во ЛШ!

Пеп Гвардиола вечерва влегува во одбрано друштво на тренери со 100 натпревари во Лигата на шампионите…

Денеска од 20:45 часот неговиот клуб Манчестер Сити ќе му гостува на украинскиот претставник Шахтјор.

„Граѓаните“ имаат максимални пет победи и уште од претходно го имаа обезбедено првото место во групата и учеството во осминафиналето.

Да видиме во продолжение како шпанскиот менаџер стои во односот на тренери кои веќе имаат најмалку 100 натпревари во ЛШ.

Гвардиола со Барселона успеа двапати да ја освои Лигата на шампионите во 2009. и 2011 год. Ги водеше Каталонците во дури 50 натпревари, а загуби само пет.

Во Баерн Минхен на клупата во ЛШ водеше 36 мечеви, а иако имаше повеќе порази отколку во Барса, процентот на остварени триумфи му е најуспешен.

Да додадеме и дека во 99 натпревари неговите клубови примиме вкупно 98 голови, додека реализирале дури 235.

ПЛАСМАНИТЕ НА ГВАРДИОЛА ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

СЕЗОНА
2008/09 Победник
2009/10 Полуфинале
2010/11 Победник
2011/12 Полуфинале
2013/14 Полуфинале
2014/15 Полуфинале
2015/16 Полуфинале
2016/17 Осминафинале
2017/18 ?


Клуб
Барселона 50 натпревари (30 победи, 15 нерешени, 5 порази) гол-разлика 117:42 (60%)
Баерн Минхен 36 натпревари (23 победи, 5 нерешени, 8 порази) гол-разлика 87:37 (63.89%)
Манчестер Сити 13 натпревари (8 победи, 3 нерешени, 2 порази) гол-разлика 31:19 (61.54%)

ТРЕНЕР – НАТПРЕВАРИ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

АЛЕКС ФЕРГУСОН 190
АРСЕН ВЕНГЕР 184
КАРЛО АНЧЕЛОТИ 153
ЖОЗЕ МУРИЊО 138
МИРЧЕА ЛУЧЕСКУ 103
ПЕП ГВАРДИОЛА 99

ПРОЦЕНТ НА ПОБЕДИ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ (МИНИМУМ 50 НАТПРЕВАРИ)

ПЕП ГВАРДИОЛА 61.6%
ЛУЈ ВАН ГАЛ 60
ВИСЕНТЕ ДЕЛ БОСКЕ 56.7
РАФАЕЛ БЕНИТЕЗ 55.8
ЖОЗЕ МУРИЊО 55.1
КАРЛО АНЧЕЛОТИ 54.9
ДИЕГО СИМЕОНЕ 54.7
АЛЕКС ФЕРГУСОН 53.7
МАРЧЕЛО ЛИПИ 50
ХЕКТОР КУПЕР 50