ВБА го освои „Олд Трафорд“: Манчестер Сити е новиот шампион на Премиерлигата! (ФОТО, ВИДЕО)

Благодарение на денешниот гостински триумф на Вест Бромвич Албион на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед (0:1)…

Екипата на Манчестер Сити е новиот шампион за оваа натпреварувачка сезона 2017/2018 во најсилното англиско фудбалско првенство, Премиерлигата.

Во рамките од 34. коло на стадионот „Олд Трафорд“, „црвените ѓаволи“ повторно ги разочараа своите навивачи откако загубија минимално, а единствениот погодок за ВБА го реализираше Родригез во 73. мин. од средбата.

Ова е само четврти триумф сезонава за избраниците на менаџерот Мур, но остануваат на последното 20. место со 24 бодови. Од друга страна, тимот на Мурињо останува на втората позиција со 71 бод.

Разликата помеѓу првопласираните „граѓани“ и Јунајтед е сега 16, двата тима имаат по уште пет мечеви до крајот на сезоната, па така Манчестер Сити ја обезбеди својата петта титула во клупската историја.

Манчестер Юнайтед – Вест Бромвич. Обзор матча от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.