Валенсија феноменална сезонава: „6 од 6“ во шпанската Примера! (ВИДЕО)

Веќе шести натпревар по ред во најсилната шпанска фудбалска Примера екипата на Валенсија доаѓа до победа и останува при самиот врв во генералниот пласман.

Денеска во првиот меч од саботната програма на 10. коло тимот предводен од тренерот Марселоно со 1:2 го совлада Алавес. Заза во 34. минута донесе водство, на стартот од вториот дел домаќините намалија преку Алексис, а конечниот епилог беше поставен во 66. минута од пенал кој го реализираше Родриго.

На табелата Барселона води со 25 бодови, каталонците својот меч ќе го имаат во текот на денешниот ден на гостувањето кај Атлетик Билбао, потоа второпласирана е Валенсија со 24 бодови, додека Реал Мадрид 20. „Кралевите“ во оваа рунда в недела ќе ги одмерат силите против Хирона на гостински терен.

Уште еден податок оваа сезона Валенсија игра одлично благодарение на Симоне Заза и Родриго кои севкупно имаат 15 постигнати голови.

Алавес – Валенсия от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.