Утре ќе слави роденден и јубилеј: Мурињо ќе го води Манчестер Јунајтед до 2020 година!

Официјално Жозе Мурињо потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед…

Португалецот ќе биде менаџер на „црвените ѓаволи“ до 2020-та, со опција истиот договор да биде продолжен на уште една година.

Ова доаѓа како роденденски подарок за „Специјалниот“ кој утре (26. јануари) ќе наполни 55. години.

Воедно утре на дуелот од 1/16 финалето на гостувањето кај Јеовил во рамките од ФА Купот, „Специјалниот“ ќе го има 100. натпревар, јубилеј, на клупата на Јунајтед.

Неговиот досегашен учинок со клубот од „Олд Трафорд“ е 61. победа, 23. нерешени средби и 15. порази (176 постигнати голови/70 примени), севкупно три трофеи (Лига куп, Лига Европа и ФА Комјунити Шилд).

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

Во петок Санчез ќе дебитира за Манчестер Јунајтед во ФА Купот!?