Уругваецот како старо вино: Продолжува „магијата“ на Диего Форлан! (ВИДЕО)

Искусниот фудбалер забележа хет-трик во еден натпревар од Премиер лигата на Хонг Конг.

Од неодамна Диего Форлан се промовираше како нов член на шампионот Хонг Конг Кичи, што му е 10-ти клуб во својата професионална кариера, после Индепендиенте, Манчестер Јунајтед, Виљареал, Атлетико Мадрид, Интер, Интернасионал, Серезо Осака, Пењарол и Мумбај сити.

На првите четири мечеви во дресот на неговиот нов клуб постигна пет голови. Во убедливата победа над Вориорси на гости (1:5) беше троен стрелец, првите два голови ги постигна од слободен удар.