УЕФА воведе ново драстично правило во Лигата на шампионите

На клубовите во додатните 30. минути, доколку се влезе во продолженија, ќе им биде дозволено да извршат уште една замена.

Од наредната сезона во Лигата на шампионите и Лига Европа ќе биде воведено правилото за четврта замена во случај на продолженија во нокаут фазата, соопшти денеска Европската фудбалска унија (УЕФА).

Исто така, како што и беше најавено одредени се и новите термини во ЛШ и ЛЕ, сметајќи ги плеј-офот и групната фаза, нема да се игра во досегашниот стандарден термин 20:45, туку од 18:55 и 21:00 часот по средноевропско време.