УЕФА ја казнува Црвена Звезда: Затворање една трибина плус 56000 евра!

Црвена Звезда поради пропустите во организацијата од натпреварот во Лига Европа против Келн е казнета со затворање на една трибина две години и парична казна од 56.000 илјади евра.

„Црвено-белите“ добија известување од УЕФА, но ќе побараат објаснување на одлуката за случувањата на мечот одигран на 7. декември 2017 год.

Дисциплинската комисија на УЕФА отвори постапка против српскиот фудбалски клуб, бидејќи навивачите на тој дуел користеа пиротехнички средства, фрлаа тврди предмети во теренот и блокираа на секој пат.

Воедно Црвена Звезда чекаат на казна, по друга основа, за пропустите против ЦСКА во Белград во првиот меч од 1/16 финалето на ЛЕ.

Претходно, УЕФА ја прифати жалбата на Црвена Звезда да ја пречека ЦСКА пред публика, откако првобитно казната беше затворање на трибина, а потоа преименувана во условна од две години и 30.000 илјади евра.

Фото: ultras-tifo.net