УЕФА ги избра најталентираните 11 фудбалери за 2017 година (ФОТО)

Европската фудбалска куќа ги објави имињата кои што треба да бидат идните големи ѕвезди…

Финишот на 2017. година е идеален период за водење сметки кога станува збор за возбудливата фудбалска година зад нас.

Се избираат најдобрите тимови, фудбалери, тренери, а еден избор од страна на УЕФА особено е занимлив секоја година.

Критериумот е јасен, во предвид се земаат играчите кои настапувале во Лигата на шампионите и оние кои се помлади од 24 години.

Формација 4-3-3

Едерсон (Бенфика/Манчестер Сити)

Нелсон Семедо (Бенфика/Барселона)
Дејвинсон Санчез (Тотенхем)
Никлас Зуле (Баерн Минхен)
Киријан Тирни (Селтик)

Хери Винкс (Тотенхем)
Талиска (Бешикташ)
Марко Асенсио (Реал Мадрид)
Килијан Мбапе (Монако/ПСЖ)

Тимо Вернер (Лајпциг)
Димитри Оберлан (Базел)