УЕФА: Доминира Реал, фановите го избраа тимот на годината 2017! (ФОТО)

УЕФА го објави тимот на годината 2017 избран преку гласовите на фановите.

Доминираат играчите на Реал Мадрид, ги има вкупно пет, двајца Јувентус, а по еден ПСЖ, Манчестер Сити, Челзи и Барселона.

На голманската позиција е Џанлуиџи Буфон (Јувентус/Италија) со 333.604 илјади гласови.

Во делот на одбраната се Дани Алвеш (ПСЖ/Бразил) со 340.819, Серхио Рамос (Реал Мадрид/Шпанија) 588.315, Џорџо Кјелини (Јувентус/Италија) 295.842 и Марсело (Реал Мадрид/Бразил) со 558.495 илјади гласови.

Во средниот ред се Кевин де Брујн (Манчестер Сити/Белгија) со 416.679, потоа Тони Крос (Реал Мадрид/Германија) 345.494, Лука Модриќ (Реал Мадрид/Хрватска) 387.487 и Еден Азар (Челзи/Белгија) 303.376 илјади гласови.

И во нападот Лионел Меси (Барселона/Аргентина) 477.036) и Кристијано Роналдо (Реал Мадрид/Португалија) со 444.430 илјади гласови.