Трансфер на денот – Карлос Тевез! (ФОТО)

Карлос Тевез на сите им одржа лекција која ретко кој ќе успее да ја повтори.

После една година аргентинската фудбалска ѕвезда одлучи да се врати во својат екипа на Бока Јуниорс.

„Тевез се враќа дома! Тој им се придружи на своите поранешни соиграчи и веќе одработи тренинг“, потврди аргентинскиот клуб.

Минатата сезона го реализираше „најлудиот“ трансфер од Бока во кинескиот состав на Шангај Шенхуа и стана најплатениот фудбалер со годишна плата од 38 милиони евра.

Откако ја заврши првата од двете години договор, одигра вкупно 16 натпревари и постигна четири голови, заработи 38 милиони, и Тевез се врати дома.

По трет пат ќе го облече дресот на Бока и ќе го носи дресот со број 32. Тевез е и поранешен играч на Коринтијанс, Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

-ОФИЦИЈАЛНО: РОС БАРКЛИ ОД ЕВЕРТОН ВО ЧЕЛЗИ-

Евертон ја потврди разделбата со играчот од средниот ред.

Рос Баркли одлучи за сума од 15 милиони фунти да го засили Челзи.

Тој потпиша пет и пол годишен договор и изјави дека едвај чека да настапи за тимот од „Стемфорд Бриџ“ надевајќи се дека ќе се подобрува и што повеќе голови на самите натпревари.