Тотенхем без проблеми против Хадерсфилд, Кејн се израмни со Роналдо! (ВИДЕО)

Во првиот натпревар од седмото коло во најсилното англиско првенство…

Екипата на Тотенхем ја забележа четвртата победа на гостувањето кај Хадерсфилд со 0:4.

На „Кирклис“ Стадионотс се беше решено уште во текот на првото полувреме кога двапати во листата на стрелците се запиша Кејн, а еднаш Дејвис. Во вториот дел во самиот финиш од средбата (90+1) конечниот епилог го постави Сисоко кој го замени Дејвис.

Тотенхем моментно е на третото место со 14 бодови, два помалку од водечките Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, а Хадерсфилд кој веќе четири кола не знае за победа ја зазема 10. позиција со девет бодови.

Уште еден интересен податок, фудбалерот на Тотенхем, Хари Кејн се израмни со рекордот на Кристијано Роналдо кој своевремено ги бранеше боите на Манчестер Јунајтед.

Имено, во Премиерлигата Роналдо за „црвените ѓаволи“ имаше 84 голови од 196 одиграни натпревари, а Кејн во дресот на Тотенхем досега исто така 84 погодоци, но од 123 мечеви.