Топ 11 фудбалери кои нема да ги гледаме на Светското првенство

Од играчи кои ќе го пропуштат Мундијалот наредната година во Русија може да се направи еден страшен тим кој сигурно би им бил конкурентен на фаворитите за титулата.

Факт е дека сеуште не се познати сите учесници на СП, па можно е оваа листа наскоро да биде уште повеќе зголемена:

Голман: Јан Облак (Словенија/Атлетико Мадрид)
Стопери: Виржил ван Дијк (Холандија/Саутемптон), Гери Медел (Чиле/Бешикташ)

Десен бек: Антонио Валенсија (Еквадор/Манчестер Јунајтед)
Лев бек: Давид Алаба (Австрија/Баерн Минхен)
Играчи за врска: Артуро Видал (Чиле/Баерн Минхен), Миралем Пјаниќ (Босна и Херцеговина/Јувентус)

Крилни играчи: Герет Бејл (Велс/Реал Мадрид), Алексис Санчез (Чиле/Арсенал)

Напаѓачи: Пјер-Емерик Обамејанг (Габон/Борусија Дортмунд), Един Џеко (Босна и Херцеговина/Рома)

И РЕЗЕРВНАТА КЛУПА ИЗГЛЕДА ЗАСТРАШУВАЧКА:

-Арјен Робен (Холандија/Баерн Минхен)
-Марек Хамшик (Словачка/Наполи)
-Ријад Марез (Алжир/Лестер Сити)
-Кристиан Пулишиќ (САД/Борусија Дортмунд)
-Петр Чех (Чешка/Арсенал)
-Дејли Блинд (Холандија/Манчестер Јунајтед
-Наби Кеита (Гвинеја (Лајпциг)