Тимот на полусезоната од Топ 5 европските лиги без Меси, Роналдо…! (ФОТО)

Англиското издание „Goal“ го објави најдобриот состав на полусезоната од Топ 5 европските лиги.

Познати се најдобрите 11 играчи, а помеѓу нив според многумина најдобрите на денешницата ги нема Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

На голманската позиција е голманот на Манчестер Јунајтед, Де Геа, потоа во одбраната Макс (Аугсбург), Пике (Барселона), Скриниар (Интер) и Дани Алвес (ПСЖ).

Во средниот ред се Луис Алберто (Лацио), Де Брујн (Манчестер Сити) и Силва (Манчестер Сити), а во нападот се Мбапе (ПСЖ), Кејн (Тотенхем) и Салах (Ливерпул).