Тажна вест од Италија: Почина фудбалерот на Фиорентина Давиде Астори!

Тажна вест доаѓа од Италија, фудбалерот и воедно капитен на Фиорентина Давиде Астори почина во 31. година од животот.

Непосредно пред новиот гостински натпревар од Серија А против Удинезе, капитенот на „виолетовите“ починал во својата соба во хотелот „Ла ди Морет“ во Удине.

Според првите информации кои ги пренесуваат италијанските и странски медиуми искусниот стопер и воедно член на сениорската репрезентација починал во сон, односно дека станува збор за срцев удар, други извори велат од „ненадејна болест“.

Професионалната кариера ја започнал во Милан, па беше дел од Каљари, Фиорентина, Кремонезе, Пергокрема, додека во дресот на „аѕурите“ имаше 14 настапи и еден погодок.

Дебитираше за репрезентацијата во 2011 год., а единствениот гол беше вреден за освојување на третото место во Купот на Конфедерациите (2013 год.)

Сите денешни закажани натпревари од 27. коло во италијанската фудбалска Серија А се одложени.