„Супер-компјутер“ предвидува: Овие се резултатите од осминафиналето во ЛШ!

Англичаните побарале помош од пријател со цел да дознаат кој ќе оди евентуално во четвртфиналето.

Љубителите на фудбалот едвај го чекаат осминафиналето во Лигата на шампионите, иако знаеме дека овие дуели се закажани дури во февруари и март 2018 год.

Во меѓувреме е искористен т.н. „супер-компјутер“, машина која во предвид зема огромен број на фактори и одредува каков ќе биде резултатот на натпреварите.

Дали ќе успее да погоди, останува да видиме. Еве како прогнозира со севкупен резултат од двата меча, дали и вие се согласувате со „супер-компјутерот“:

Манчестер Јунајтед-Севиља (вкупен резултат од двата натпревари, 2:1)

Манчестер Сити-Базел (5:1)

Ливерпул-Порто (4:2)

Тотенхем-Јувентус (2:2, Тотенхем ќе оди во следната фаза со повеќе голови на гости)

Барселона-Челзи (3:3, Барселона ќе оди во следната фаза после пенал-серијата)

Реал Мадрид-ПСЖ (4:3)

Шахтјор Доњецк-Рома (3:1)

Баерн Минхен-Бешикташ (4:1)