Судијата досега ја „спасува“ Италија: Два пенали не беа досудени за Шведска! (ВИДЕО)

Вечерва на „Сан Сиро“ се игра реванш натпреварот од баражот за пласман на СП.

Швеѓаните имаат предност од првиот меч (0:1) против Италијанците. Во Милано после првото полувреме немаше голови.

Шпанскиот судија Лахоз можеше многу лесно да досуди два пенали за Шведска поради играње со рака, но не мислеше така.