Што се случува со Реал: Санабриа за шок на „Бернабеу“! (ВИДЕО)

„Кралевите“ играат многу променливо на последните четири-пет натпревари во шпанската Примера.

Во рамките од петтото коло на домашен терен изненадувачки на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ го претрпе првиот пораз од Бетис (0:1).

Трите бода за гостите и вкупно трет триумф сезонава донесе парагвајскиот интернационалец Санабриа кој со глава ја затресе мрежата на Навас после асистенцијата на Бараган (90+4).

Занимлив е податокот што Бетис ја прекина серијата на Реал постигнувајќи голови на 73 мечеви по ред, последен пат без погодок имаше во април 2016 год. кога ремизираше 0:0 на гости кај Манчестер Сити.

Избраниците на францускиот тренер Зидан во некомплетното коло се дури на седмото место со осум бодови, а лидер е Барселона со 15.

Во другите мечеви се постигнати следните резултати: Атлетик Билбао-Атлетико Мадрид 1:2, Легањес-Хирона 0:0, Депортиво Ла Коруња-Алавес 1:0, Севиља-Лас Палмас 1:0.

DXBDZ by hdlivegoals

Leave a Reply