Статистички, кој е најдобриот голман во Премиерлигата? (ФОТО)

Еден занимлив податок ни доаѓа од англискиот фудбал…

Ливерпул нема најдобри резултати досега оваа сезона во Премиерлигата, воедно изминатиот викенд на „Вембли“ стадионот во Лондон загуби убедливо на гостувањето кај Тотенхем (4:1).

Од друга страна, пак, Редси и покрај тоа го имаат најдобриот голман моментно во лигата од статистички аспект.

Барем така покажува статистиката на одбранети удари кон неговиот гол, Симон Мињоле е најдобриот голман во Премиерлигата.

Процентот на успешноста на ударите кон неговиот гол е 28.20%, нешто полош е Вејн Хенеси од редовите на Кристал Палас – 28%.

Ова додатно ја зголеми уште повеќе проблематичната тема околу одбраната на Ливерпул која се покажува многу лошо. И самиот менаџер Јирген Клош отворено говореше за тоа после поразот викендов, а особено на удар се најде Дејан Ловрен.

Ливерпул во наредното коло ќе го пречека Хадерсфилд, а со оглед на тоа што не игра во Лига купот, има време да се одмори и подготви за овој дуел в сабота (16:00 ч.)