„Старата дама“ му одговори на Реал: Јувентус го доби дербито против Милан! (ВИДЕО)

Се одиграа и последните три натпревари од саботната програма на 30. коло од најсилното италијанско фудбалско првенство…

Во дербито вечерва на стадионот во Торино шампионот Јувентус со конечен резултат 3:1 го совлада Милан и на тој начин ја прекина серијата од осум победи во низа на „росонерите“.

После првите 45. минути беше 1:1, поведе Јуве со голот на Дибала после асистенцијата на Пјаниќ, а израмни Бонучи по додавањето на Чалханоглу.

Трите бодови беа обезбедени во вториот дел кога во мрежата на Донарума стрелаа Квадрадо (79. мин.) и Кедира (87. мин.)

Во останатите две средби Киево на домашен терен славеше против Сампдорија (2:1), а Наполи одигра само нерешено на гостувањето кај Сасуоло (1:1).

Сега на табелата „Старата дама“ води на првото место со 78 бодови, четири повеќе од второпласираниот состав на Наполи.

Ова е добра најава од страна на Јувентус кој следната недела го очекува првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид кој да потсетиме денеска во шпанската Примера со 0:3 го совлада Лас Палмас.

Ювентус – Милан 3:1 | Обзор матча от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.