Станува „ужасен“ Божиќ за Мурињо: Лестер со играч помалку до бод! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лестер и Манчестер Јунајтед одиграа 2:2 во 19. коло од Премиерлигата.

„Лисиците“ дојдоа до бод во самиот финиш и тоа со играч помалку пред своите верни навивачи благодарение на Мегвајер (90+4).

Домаќините поведоа во 27. минута со голот на Варди, а непосредно пред паузата израмни шпанскиот интернационалец Мата.

Истиот играч направи целосен пресврт во корист на „црвените ѓаволи“ со прекрасен погодок од слободен удар по половина час игра во својот 300. настап во најсилното англиско првенство.

Кога Амарти во 73. минута беше исклучен поради два жолти картони, се чинеше дека тоа ќе биде рутина за тимот на Мурињо, но не мислеше така неговиот противник.

Јунајтед сега заостанува дури 13 бодови во однос на водечкиот Манчестер Сити (55:42), па „граѓаните“ овој викенд направија уште поголем исчекор кон шампионската титула.

Лестер – Манчестер Юнайтед. Обзор матча. АПЛ, Тур 19 от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.