Според шефот на Примера: Меси потпишал нов договор со Барселона!

Голема радосна вест за навивачите на каталонскиот гигант, Лионел Меси потпишал нов договор.

Оваа информација ја потврдил претседателот на Здружението на клубовите во шпанската Примера, Хавиер Тебас, кој воедно ги верификува заводите на договорите на сите професионални фудбалери.

Да, Меси потпиша нов договор. Таквите документи стануваат официјални кога ќе се потпишат, а не кога ќе се објават. Тој потпиша договор, нема причина да лажам“, рече Тебас.

Актуелниот договор на аргентинскиот интернационалец истекува наредното лето, а со оглед на тоа што досега немаше никакви официјални информации дека е продолжена соработката, излегуваа гласини дека Меси сака да си оди од „Камп Ноу“, а за останување бара поголема плата, и дека во трката за неговиот потпис се наоѓа Манчестер Сити.

Неодамна високиот функционер на Барса, Оскар Грау рекол дека клубот му понудил доживотен договор на Меси, каков што претходно потпиша Андрес Иниеста.

Не сум овластен, ниту смеам да изнесувам детали од договорот. Тоа ќе го направат клубот и играчот“, додаде Тебас.