Совршен крај на годината за Меси и Барса!

Фудбалерите на Барселона на најдобар можен начин ја завршија 2017. година.

Избраниците на Ернесто Валверде славеа во „Ел Класико““ со резултат 0:3.

Реал е посрамотен среде Мадрид, разликата помеѓу големите ривали на табелата достигна 14 бодови, изгледа дека трката за титулата е во Шпанија веќе е завршена!

После денешниот триумф, Каталонците испишаа историја на „Ел Класико“, станаа првата генерација кои три пати по ред славеле на „Сантјаго Бернабеу“.

Меси го поправи својот учинок на стадионот на „кралскиот клуб, тој е најдобар стрелец во историјата на „Ел Класико“ во мечевите одиграни во шпанската престолнина, сега е на 15. голови против Реал на „Бернабеу“.

Тука не е крајот на достигнувањата на аргентинската ѕвезда, после ова дерби стана најдобар стрелец и асистент на шпанската Примера во оваа натпреварувачка сезона.

Исто така, на ова „Ел Класико“ Меси стигна до својот 54. гол, па така и официјално е најдобриот стрелец на светот за 2017. година.