Состав од 11 најдобри тренери сезонава во Лигата на шампионите (ФОТО)

УЕФА направи еден интересен тим, составен од тренери на клубови кои се натпреваруваат оваа сезона во Лигата на шампионите.

Најголемиот дел од тренерските имиња биле и професионални фудбалери, а исто така ги водат екипите каде што своевремено ги носеа копачките, бранејќи ги боите на клубот ширум Европа.

Европската куќа на фудбалот се одлучи за една помалку чудна формација, 3-5-1-1, еве како тоа изгледа:

Голман: Шенол Ѓунеш (Бешикташ)

Десен офанзивен бек: Серџо Консеисао (Порто)
Централен дефанзивец: Маурисио Покетино (Тотенхем)
Централен дефанзивец: Масимо Карера (Спартак Москва)
Централен дефанзивец: Дарко Миланиќ (Марибор)
Леф офанзивен бек: Џовани ван Бронкхорст (Феенорд)

Среден ред: Диего Симеоне (Атлетико Мадрид)
Среден ред: Антонио Конте (Челзи)
Среден ред: Пеп Гвардиола (Манчестер Сити)

Играч за врска во нападот: Зинедин Зидан (Реал Мадрид)
Напаѓач: Ернесто Валверде (Барселона)