ШОКАНТНО ВРАЌАЊЕ: Ќе добие и „ТРЕТА“ среќа во Реал Мадрид!

Пред се поради Антонио Конте кој би можел да го напушти клубот, но и мистериозната повреда која би можел дури да значи и подолго отсуство за Шпанецот.

Тој се заблагодарува на Челзи за шансата, но истакна дека би можел да се врати во Реал. „Реал е секогаш Реал“, рече Мората и ги подгреа најавите дека со заминувањето на Бензема за него би било отворено местото во нападот.

Реал го сака Икарди, или подобро да кажеме, Флорентино Перез го посакува Икарди, но соблекувалната е против, пред се тука се мисли на Рамос и Кристијано Роналдо.

Според двајцата, Аргентинецот би можел да создава проблеми во клубот, дека на пример се уште го следи онаа афера со Макси Лопез.

За 110 милиони евра колку што е клаузулата, играчите на Реал сметаат дека може да се доведе подобар напаѓач, а не би имале ништо против да се врати Мората, но и воедно да добие вистинска шанса.

Мората минатата година играше за „кралскиот“ клуб од Мадрид и тоа во епизодни улоги со 20 голови во 43 натпревари, во шампионатот мрежата ја затресе 15 пати во 26 мечеви, сметајќи ги оние во кои настапуваше како резерва.

Дали Челзи би се откажал од неговите услуги? Тоа зависи од новиот тренер, но ако би сакале да ги вратат парите, или заработат, не е невозможно да прифатат понуда од Реал.