Шок за Арсенал, елиминиран од ФА купот, а навивачите едногласни: „ВЕНГЕР АУТ“! (ВИДЕО)

Бранителот на трофејот од минатата сезона го заврши настапот уште во третото коло од ФА Купот.

Денеска на гостувањето кај Нотингем, составот на Арсенал е шокатно елиминиран со 4:2 и на тој начин се најави дека годинава натпреварувањето ќе има нов шампион.

Американецот Лихај во 20. минута ги израдува домаќините чие водство траеше само 180 секунди, откако израмни Мертесакер.

Пред крајот на првото полувреме по втор пат во листата на стрелците се запиша Лихај, потоа во 64. минута од пенал за 3:1 стрелаше Бреретон.

Надежите на „топчиите“ ги врати Велбек, но уште еден погодок следуваше во мрежата на Оспина во 85. минута преку Доуел од белата точка.

Иако во 89. минута домаќините останаа со играч помалку поради вториот жолт картон на Ворал, но Арсенал немаше доволно време и не го искористи за евентуален пресврт, па на крајот голема победа славеа фудбалерите на менаџерот Бразил.

Веќе извесно време навивачите на Арсенал бараат заминување на Арсен Венгер кој ја води клупата од далечната 1996. година. Вечерва уште повеќе се покрена иницијативата за Французинот што поскоро да си замине од Лондон.

Ноттингем Форест – Арсенал. Обзор матча. Кубок Англии. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.