Со пиштол на терен: Суспендирана грчката фудбалска лига! (ВИДЕО)

Грчката фудбалска лига е суспендирана денеска на неопределено време…

Оваа одлука е донесена откако сопственикот на фудбалскиот клуб ПАОК од Солун, Иван Савидис влезе на теренот со пиштол околу појасот.

Одлучивме да го суспендираме шампионатот“, рече министерот за спорт Јоргос Василијадис после итниот состанок на грчката Влада.

Тој воедно додаде и дека Атина е во контакт со Европската фудбалска унија (УЕФА). Савидис влезе на теренот во текот на натпреварот против АЕК незадоволен поради судиската одлука да биде поништен гол на ПАОК во 90. минута поради офсајд.

Судијата веднаш потоа го прекина мечот на стадионот „Тумба“. Полицијата воедно издаде налог за апсење на сопственикот на ПАОК, а истрага е започната уште против четири лица.

Ова беше дерби на колото, значајно во борбата за титулата, моментно на табелата води АЕК со 54 бодови, пред ПАОК (52) и Олимпијакос (50).