Шест гола на мечот Русија-Шпанија, а Холандија лесно помина во Букурешт! (ВИДЕО)

Денеска беа одиграни нови пријателски натпревари, во Ст. Петерсбург репрезентациите на Русија и Шпанија одиграа нерешено 3:3.

Русите кои што се домаќини на следното Светско првенство беа во негатива уште во деветтата минута после голот на Алба по додавањето на Асенсио.

Рамос ја зголеми позитивата на 2:0 од пенал во 35-та, а пред паузата домаќините намалија благодарение на Смолов. Асистентот на тој погодок, Миранчук на стартот од вториот дел донесе израмнување после асистенцијата на Жирков, а само 120 секунди подоцна Рамос повторно беше прецизен од белата точка.

Исто така, и Смолов, играчот на Краснодар, двапати се запиша во листата на стрелците во 70. минута откако беше пронајден од Кокорин.

На Националната Арена во Букурешт, селекцијата на Холандија убедливо со 0:3 ја преслуша Романија. Сите голови беа реализирани во второто полувреме Де Пај, Бабел и де Јонг.

Россия – Испания 3:3. Обзор товарищеского матча. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.

Румыния – Нидерланды 0:3 от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.