Серија А: Пандев придонесе во новата победа на Џенова!

Денеска во 18. коло од најсилното италијанско првенство, составот на Џенова дома со 1:0 го совлада Беневенто.

За домашната екипа целиот натпревар го одигра македонскиот интернационалец Горан Пандев кој придонесе во освојувањето на трите бода.

Во самиот финиш од средбата на стадионот „Луиџи Ферарис“ во 92. минута нашиот играч го пронајде Лападула врз кого беше направен прекршок и истиот фудбалер реализираше од пенал за поставување на конечниот епилог.

Ова беше четврти триумф оваа сезона за моментно 15. позиција со 17 бодови, додека Беневенто останува последен со еден.

Наполи славеше дома против Сампдорија со 3:2, а вреди да се одбележи постигнувањето на Словакот Хамшик кој го надмина Марадона на првото место на листата најдобри стрелци во историјата на клубот.

Серија А, 18. коло

Лацио-Кротоне 4:0
Џенова-Беневенто 1:0
Наполи-Сампдорија 3:2
Сасуоло-Интер 1:0
Спал-Торино 2:2
Удинезе-Верона 4:0

Табела:

1.Наполи 45 бодови
2.Јувентус 41
3.Интер 40
4.Рома 38
5.Лацио 36
6.Сампдорија 27

18.Кротоне 15
19.Верона 13
20.Беневенто 1