Серија А: „Старата дама“ ја освои Верона, се чека потегот на Наполи! (ВИДЕО)

Се одиграа два натпревари денеска во рамките од 22. коло во најсилното италијанско фудбалско првенство…

Составот на Јувентус, бранителот на трофејот дојде и до 18. победа сезонава на гостувањето кај Киево со конечен резултат 0:2.

Домаќините најпрвин без еден играч во 37. минута поради вториот жолт картон во 37. минута, а во 62-та останаа уште без еден, и дирекниот црвен картон на Качиаторе поради неспортски потег.

Тоа му помогна на гостинот да дојде до три значајни бода, најпрвин поведе преку германскиот интернационалец Кедира после асистенцијата на Бернардески во 67. минута.

Конечниот епилог го постави Игуаин во 88. минута кој успеа да ја затресе мрежата на Сорентино по додавањето на Кошта на средбата одиграна во Верона.

Сега води „Старата дама“ на табелата со 56 бодови, два повеќе од Наполи кој својот меч ќе го има в недела дома против Болоња.

Серија А, 22. коло

Сабота, резултати:

Сасуоло-Аталанта 0:3
Киево-Јувентус 0:2

Табела:

1.Јувентус 56 бодови
2.Наполи 54
3.Лацио 46
4.Интер 43
5.Рома 41
6.Сампдорија 34

18.Спал 16
19.Верона 13
20.Беневенто 7

cie-juve от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.