Серија А: Првите бодови оваа сезона за Пандев и Џенова!

Се одиграа денеска шест натпревари од осмото коло во најсилното италијанско фудбалско првенство…

Составот на Џенова конечно дојде до првите бодови и првата победа оваа сезона на гостувањето кај Каљари со конечен резултат 2:3.

Македонскиот интернационалец кој изминатиот период имаше настапи за репрезентацијата во квалификациите за СП Русија 2018, Горан Пандев не доби шанса од тренерот Јуриќ и остана на клупата за резервни играчи.

Поведе Џенова со голот на Бугаринот Галабинов уште во осмата минута, а асистентот на тој погодок Мароканецот Таарабт зголеми после додавањето на Ригони во 35. минута.

Намалија домаќините преку Паволети на стартот од вториот дел, потоа за 1:3 се погрижи Ригони, а конечниот епилог го постави Жоао Педро од пенал.

Моментно Каљари е на 14. позиција после шестиот пораз со шест бодови, а еден помалку има Џенова на 16. позиција и е засега во безбедната зона.

Во останатите дуели од Серија А: Фиорентина-Удинезе 2:1, Болоња-Спаол 2:1, Кротоне-Торино 2:2, Сампдорија-Аталанта 3:1, Сасуоло-Киево 0:0.

Табела:

1.Наполи 24 бодови
2.Интер 19
3.Јувентус 19
4.Лацио 19
5.Рома 15
6.Сампдорија 14

18.Сасуоло 5
19.Верона 3
20.Беневенто 0