Серија А: Прв историски бод за Беневенто и тоа против Милан! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Беневенто и Милан одиграа нерешено 2:2 во рамките од 15. коло во Серија А, на дебито на Џенаро Гатузо како тренер на „росонерите“.

За Беневенто ова беше прв историски бод во италијанското елитно натпреварување, благодарение на голманот Брињоли со гол во 95. минута.

Во претходните 14. натпревари Беневенто имаше исто толку порази, па ваквиот резултат е голем успех за тој клуб, имајќи го во предвид реномето на противникот.

Милан дојде во водство во 38. минута со голот на Бонавентура, а Пушкаш, играч кој израсна во Интер, израмни во 50-та.

Калиниќ ги врати фаворитите на хартија во нова минимална позитива и се чинеше дека Гатузо ќе тргне успешно на клупата, тоа не се дозволи во самиот финиш.

Милан после ова реми има 21 бод, пет помалку од шестопласираната Сампдорија која е на место кое води во Европа, и ја зазема седмата позиција.

Беневенто – Милан. Обзор матча. Италия. Серия А 2017/18. 15 тур. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.