Серија А: Продолжува битката меѓу Интер и Лацио, а што се случува со Удинезе? (ФОТО, ВИДЕО)

Се одиграа денеска пет натпревари од 34. коло во најсилното италијанско фудбалско првенство…

Составот на Интер минимално со резултат 1:2 триумфираше на гостувањето кај Киево, за позитива се погрижија Икарди и Перишиќ, а поразот на домаќините го ублажи Степински (90.)

Борбата со „неро-аѕурите“ за учество во Лигата на шампионите наредната сезона ја продолжи и Лацио кој пред своите гледачи со 4:0 ја преслуша Сампдорија.

Во првото полувреме на „Олимпико“ во Рим стрелаа Милинковиќ-Савиќ и де Врај, а во вториот дел трите бода ги потврди Имобиле во 85. и 88. мин. од средбата.

Во останатите дуели Каљари-Болоња 0:0, Аталанта-Торино 2:1, а несфатлива е тоа што се случува со екипата на Удинезе која го претрпе веќе 11. пораз по ред (ако го исклучиме оној во пријателската со Домжале), односно нема триумф веќе 12. мечеви.

Последен пат во Серија А тимот од Удине славеше на три бода кон крајот на јануари годинава и тоа на гости кај Џенова.

Од сигурен опстанок избраниците на тренерот Одо се доведоа во ситуација да се борат за обезбедување опстанок, моментно се на 15. позиција со 33 бодови, само четири повеќе од Спал кој е во опасната зона за испаѓање.

Што се однесува при самиот врв, во битката за позициите кои водат во ЛШ, третопласирана е Рома со 67 бодови, колку што има и четвртопласираниот Лацио, а на петтата позиција е Интер.

Кьево – Интер. Обзор матча от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.