Серија А: Наполи го искористи „киксот“ на Јувентус, изненадување во Рим! (ВИДЕО)

Се одиграа сите осум натпревари денеска во 29. коло од најсилното италијанско фудбалско првенство…

Наполи го искористи ремито на Јувентус против Спал и на домашен терен триумфираше со 1:0 против Џенова.

Единствениот гол за домаќините го постигна Албиол после асистенцијата на Каљехон во 72. мин. за вкупно 23. победа сезонава и одржување во трката за шампионската титула со „Старата дама“.

Кај гостите вечерва во Неапол беше стартер македонскиот интернационалец Горан Пандев против својот поранешен клуб и настапи до 67. мин. кога беше заменет од Ригони.

Џенова и понатаму е во безбедната зона, но ова за нејзе е веќе трет пораз во низа за моментно 13. место, а во следното коло ќе се обиде да ја прекине негативната серија дома против Спал.

Лацио не ја оправда фаворитската улога и на „Олимпико“ во Рим одигра само нерешено 1:1 против Болоња која поведе уште во третата минута преку Верди. „Небесно-сините“ успеаја да извлечат реми во 16-та мин. после погодокот на Лукас Леива и додавањето на Алберто.

Серија А, 29. коло

Недела, резултати:

Сампдорија-Интер 0:5
Милан-Киево 3:2
Беневенто-Каљари 1:2
Кротоне-Рома 0:2
Торино-Фиорентина 1:2
Верона-Аталанта 0:5
Лацио-Болоња 1:1
Наполи-Џенова 1:0

Табела:

1.Јувентус 75 бодови
2.Наполи 73
3.Рома 59
4.Интер 55
5.Лацио 54
6.Милан 50

18.Кротоне 24
19.Верона 22
20.Беневенто 10