Серија А: Интер со убедлива победа над Каљари ја продолжи борбата за ЛШ! (ВИДЕО)

Денеска во рамките од 33. коло во најсилното италијанско фудбалско првенство…

Составот на Интер пред своите гледачи беше убедлив со конечен резултат 4:0 против Каљари.

На стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано стрелци за „неро-аѕурите“ беа Кансело (3.), Икарди (49.), Брозовиќ (60.) и Перишиќ (90. мин.)

На тој начин избраниците на тренерот Спалети ја прекинаа серијата од три натпревари без победа, односно ова беше вкупно 17. триумф за моментно трето место со 63 бодови и одржување во трката за една од позициите кои водат во групите на ЛШ наредната сезона.

Од друга страна, Каљари после 19. пораз во Серија А останува во безбедната зона на 14. позиција со 32 бодови.