Серија А: Интер го „разби“ малерот, одново среќен финиш за Џенова! (ВИДЕО)

Се одиграа денеска пет натпревари од 24. коло во најсилната италијанска фудбалска лига…

Составот на Џенова после големиот триумф на гости кај Лацио (1:2), повторно со погодок во самиот финиш триумфираше овојпат кај Киево (0:1).

Македонскиот интернационалец Горан Пандев го одигра целиот меч во Верона, а одново херој во завршните минути за Џенова беше Уругваецот Лаксалт после асистенцијата на Лападула (90+1).

Конечно Интер ги израдува своите навивачи, последен пат на три бода во Серија славеше на 3. декември минатата година дома над Киево (5:0).

„Неро-аѕурите“ во меѓувреме до денешниот дуел на „Џузепе Меаца“ во првенството имаше учинок од шест нерешени средби и два порази.

Брозовиќ го пронајде Едер кој уште во втората минута ги доведе во водство домаќините, па израмни Паласио во 25-та против својот поранешен клуб.

Конечниот епилог го постави францускиот играч Карамоа во 63-та мин. по додавањето на Рафиња за вкупно 13. победа сезонава.

Во останатите неделни дуели: Сасуоло-Каљари 0:0, Сампдорија-Верона 2:0 и Торино-Удинезе 2:0.

Интер – Болонья. Обзор матча. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.