Серија А: Даглас Кошта за „минималец“, Јувентус го следи Наполи! (ВИДЕО)

Во 21. коло од најсилното италијанско првенство Јувентус дома со 1:0 ја совлада Џенова.

Единствениот гол за „Старата дама“ го постигна Кошта после асистенцијата на Манџукиќ во 16. минута од средбата во Торино.

Македонскиот интернационалец Горан Пандев беше стартер и настапи до 78. минута кога беше заменет од Лападула, а претходно доби и жолт картон поради груб прекршок.

На табелата Јуве е второпласиран со 53 бодови, еден помалку зад водечкиот Наполи, а Џенова после трите меча во низа без пораз, вечерва го претрпе 10-от сезонава за моментно 15. место со 21 бод.

Во следното коло Џенова на 28. јануари ќе го пречека Удинезе, додека Јуве еден ден порано ќе гостува кај тимот на Киево.

Ювентус – Дженоа. Обзор матча. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.