Серија А: Асистенција на Пандев за уште подобар гол против Рома на „Олимпико“! (ВИДЕО)

Вечерва се одиграа вкупно девет натпревари од 33. коло во најсилното италијанско фудбалско првенство…

Составот на Џенова загуби минимално на гостувањето кај екипата на Рома на стадионот „Олимпико“ со резултат 2:1.

Водеше римскиот клуб после првото полувреме со погодокот на Ундер, потоа на стартот од вториот дел предноста беше зголемена откако автогол си постигна Зукановиќ.

Во 61. мин. единствениот погодок гостите го реализираа преку Лападула кој претходно беше убаво пронајден од македонскиот интернационалец Горан Пандев кој 120 секунди подоцна го напушти теренот кога беше заменет од Кофи.

Џенова останува сигурен во безбедната зона на 12. позиција со 38 бодови, а во следното коло на 23. април дома ќе ја пречека претпоследнорангираната Верона.

И на пет кола до крајот на Серија А неизвесно е трката околу шампионската титула, денеска Јувентус одигра само реми кај Кротоне, а тоа го искористи најголемиот конкурент на „Старата дама“, тимот на Наполи кој пак со 4:2 пред своите гледачи го совлада Удинезе.

Серија А, 33. коло

Среда, резултати:

Беневенто-Аталанта 0:3
Рома-Џенова 2:1
Кротоне-Јувентус 1:1
Фиорентина-Лацио 3:4
Наполи-Удинезе 4:2
Сампдорија-Болоња 1:0
Спал-Киево 0:0
Торино-Милан 1:1
Верона-Сасуоло 0:1

Табела:

1.Јувентус 85 бодови
2.Наполи 81
3.Рома 64
4.Лацио 64
5.Интер 63
6.Милан 54

18.Кротоне 28
19.Верона 25
20.Беневенто 14