Селекторот на Шведска: Ибрахимовиќ на Светско 2018? Апсолутно, не!

Уште пред две години Златан Ибрахимовиќ се прости од националниот дрес на Шведска.

Иако фудбалерот на Лос Анџелес Галакси даваше различни изјави, тој нема да биде дел од репрезентацијата на Светското првенство летово во Русија.

Ибра од една страна ќе биде на Мундијалот, но од друга не како репрезентативец на Шведска. Очигледно ова е уште еден нов маркетиншки трик на Ибрахимовиќ на кој во фудбалската федерација на таа земја воопшто не сметаат.

Тоа го потврди и селекторот, Јан Андерсон:

Не, апсолутно не. И други играчи кои ја напуштиле репрезентацијата не се вклучени во плановите. Оние кои рекле „да“, ќе бидат таму.

После ЕП во Франција, Златан и уште неколку фудбалери рекоа дека не сакаат повеќе да играат за репрезентацијата, јас тоа го почитувам.

Не можам да разберам тоа што медиумите шпекулираат и тоа што Ибрахимовиќ говори. Јас знам само она што ние го разговаравме. Имавме договор и тој спрема мене беше навистина јасен. Со тоа се согласувам“, изјави Андерсон.

Ибрахимовиќ е најдобар стрелец во репрезентацијата на Шведска со 62 голови. Да потсетиме, Швеѓаните направија изненадување во мундијалскиот бараж елиминирајќи ја Италија, без Ибрахимовиќ.

Да додадеме уште дека на СП, селекцијата на Шведска се наоѓа во група со репрезентациите на Германија (светски шампион), Мексико и Јужна Кореја.