Сè поблиску опстанокот во Примера, финишот повторно среќен за Леванте! (ВИДЕО)

Се одиграа вкупно четири натпревари од најсилното шпанско фудбалско првенство…

Повторно среќен крајот на Леванте кој на домашен терен оствари нов важен триумф над Малага (1:0).

Херој на домаќините беше интернационалецот од Гана, Боатенг во 93. мин. за голема радост на трибините.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди кој во минатото коло настапи против Атлетико Мадрид, овојпат остана на клупата за резервни играчи.

Леванте останува засега безбеден на 17. позиција со 34 бодови, седум повеќе од Депортиво Ла Коруња кој е во опасната зона.

До крајот на сезоната во Примера остануваат уште пет кола, а Леванте редоследно ќе игра против Атлетик Билбао (гости), Севиља (дома), Легањес (гости), Барселона (дома) и Селта Виго (гости).

Во останатите вечерашни дуели беа постигнати следните резултати: Алавес-Жирона 1:2, Реал Сосиедад-Атлетико Мадрид 3:0 и Бетис-Лас Палмас 1:0.