Сè отишло предалеку: Меси ќе заработи 400 милиони евра за четири години!

Во последните неколку години на фудбалскиот пазар сме сведови на неверојатни бројки…

Од новата која ќе ја заработува Лионел Меси (Барселона) едноставно „глава боли“, иако се зборуваше дека би можел да го напушти „Камп Ноу“.

Да потсетиме, Аргентинецот потпиша нов договор со каталонскиот гигант до 2021. година, а како што пренесува шпанската „Марка“ за четири години ќе заработи „чисти“ 400. милиони евра.

На годишно ниво ќе му бидат исплатени по 100. милиони евра, што е четири пати повеќе од ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.

Во прашање е вкупната сума која ќе ја добие од плати, права од фотографии и различни бонуси. Исто така, тука би требало да се додаде и бонусот за освојување на Лигата на шампионите – 12 милиони.