Се израмни со Меси: По петти пат Роналдо ја освои „Златната топка“!

Португалецот за најдобар фудбалер на светот во 2017. година го избраа 173 новинари ширум светот.

Кристијано Роналдо по петти пат ја освои „Златната топка“, која ја доделува „Франс Фудбал“, награда која се доделува од 1956. година.

На тој начин, играчот на Реал Мадрид се израмни со Аргентинецот Лионел Меси (Барселона) на врвот по бројот на освоени награди и сега двајцата имаат по пет „Златни топки“.

Кон крајот на октомври Роналдо беше прогласен по петти пат од Светската фудбалска асоцијација за најдобар фудбалер на светот.

Второто место му припадна на Меси, а на третото заврши Бразилецот Нејмар од редовите на францускиот гигант ПСЖ.