Се ближат новогодишните празници, Ливерпул веќе фрла „петарди“! (ВИДЕО)

Во последниот натпревар од денешната програма на 20. коло во Премиерлигата…

Составот на Ливерпул ја оправда фаворитската улога дома против Свонси со резултат 5:0.

На стадионот „Енфилд двапати во листата на стрелците за Редси се запиша Фирмино, а по еднаш Кутињо кој ја започна гол-серијата уште во шестата минута, потоа Александер-Арнолд и Окслејд-Чемберлејн кој го постави конечниот епилог.

На табелата избраниците на менаџерот Клоп се на четвртата позиција со 38 бодови, додека Свонси останува на дното со 13.

Ливерпуль – Суонси. Обзор матча. АПЛ, Тур 20 от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.